| четврток, 6 декември 2018 |

Пак се тресело тлото на земјата во Скопско

Земјотрес со магнитуда од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистиран изминатата ноќ во скопскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје.

Епиценарот на земјотресот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околина е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top