Напаѓачот на англискиот премиерлигашот Стоук, Австриецот со српско потекло, Марко Арнаутовиќ беше еден од најзаслужните што неговата репрезентација успеа да извлече бод во синоќешниот дуел на домашен терен против Велс (2-2). Арнаутовиќ ги постигна двата гола и не дозволи Герет Бејл и другарите да си заминат со цел плен.
Според играта која ја прикажува многу потсетува на шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ и со право е еден од најталентираните фудбалери од својата земја. Но, тој влече корени од Србија односно неговите предци и сегашни роднини сеуште живеат таму.
Ждрепката сакаше токму Србија и Австрија да се вкрстат во квалификациската група за Светското првенство во Русија, па така дојде и тој ден кога Арнаутовиќ мора да игра против „своите“ во Белград.
– Што се однесува за следниот меч во Белград… Тоа ќе биде многу емотивно за мене бидејќи сите мои роднини од Србија ќе бидат на стадион. Но тоа треба да го сфатам како само уште една утакмица – изјави Арнаутовиќ по мечот.
Натпреварот е игра в недела на стадионот „Рајко Митиќ“ со почеток од 20.45 часот. Силниот центарфор неколку пати покажувал колку е Србин во душа, а тоа го потврди и на синоќешниот дуел во Виена кога на неговите копачки стоеше националните знамиња на Австрија и на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.