Во последно време почнавме да бидеме важни само себе си, а другите не интересираат само ако се предмет на некоја трач тема. Камерон Лајл има 21 година и е еден од најдобрите млади аттлетичари во фрлачки дисциплини. Еден ден животот целосно му се променил. Откако пред две години се пријавил за доброволно донирање коскена срж, му стигнала порака: „Итно ни требаш, најдовме личност која се поклопува, умира од леукемија“. Пораката стигнала пред неговите најважни натпревари во кариерата. Ако се согласи да биде донатор, ќе мора да се откаже од спортот, бидејќи донацијата од тој тип бара неколку месеци воздржување од спортски активности со кои се занимава.
Камерон Лајл го известил својот тренер дека се откажува од својата спортска кариера. Животот на личноста што воопшто не ја познава, му бил поважен од личниот успех. Отишол во Бостон, им дозволил на хирурзите да му извадат коскена срж од колкот и веднаш да му ја дадат на човекот со леукемија. Се поздравил со спортот и го прегрнал животот. Својот и туѓиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Двегодишната Јана има леукемија, средствата за лекување се скапи потребна е помош
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт