Температурата на воздухот во септември годинава беше во рамки на просекот, а врнежите во северните и во источните делови се под просекот, а во западните и јужните делови и до три пати повисоки. Највисоката температура од 34,2 степени е измерена во Гевгелија, најниската во Берово минус 0,8 степени, а најмногу дожд е регистриран на 7 септември во Маврово со измерени 84,5 мм, со што е надмината историската вредност на дневен максимум.
Измерената апсолутно максимална температура достигна вредности до 34,2˚С во Гевгелија, а најниската апсолутна минимална температура е измерена во Берово 0,8˚С. Според мерењата на УХМР редно месечната температура на воздухот во текот на септември во Република Македонија се движела од 11,3˚С во Маврово до 20,5˚С во Гевгелија. Во Лазарополе е измерени 11,7˚С, 14,0˚С во Берово, 15,3˚С во Крива Паланка, 16,1˚С во Охрид, 16,8˚С во Битола и Прилеп, 18,6˚С во Скопје, 19,0˚С во Штип, 19,1˚С во Струмица и 19,6˚С во Демир Капија).
Овие вредности, како што информира УХМР, на средномесечната температура се незначително помалку од еден степен пониски од просечните вредности. Средномесечните максимални температури и средномесечните минимални температури се во рамките на просечните многу годишни вредности. Единствено во Маврово, Битола, Охрид и Прилеп средните максимални температури на воздухот се пониски од просечните вредности. Измерените апсолутно максимални температури достигнаа вредности до 34,2˚С во Гевгелија, а најниската апсолутна минимална температура е измерена во Берово 0,8˚С. Измерената месечна сума на врнежи во септември 2016 изнесува од 22 мм во Берово до 242 мм во Маврово. Во Скопје се измереи 23 мм, 24 мм во Крива Паланка, 28 мм во Штип, 31 мм во Струмица, 45 мм во Демир Капија, 83 мм во Охрид, 49 мм во Лазарополе, 56 мм во Битола, 67 мм во Демир Капија, 85 мм во Гевгелија, 92 мм во Прилеп, 136 мм во Битола и 152 мм во Лазарополе).
Измерените месечни количини на врнежи во Берово, Крива Паланка, Скопје, Штип и Струмица се под просечните, додека во западниот дел на земјата, односно Маврово, Лазарополе, Битола, Прилеп, Охрид како и јужните делови Демир Капија и Гевгелија се два до три пати повисоки од просекот за овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.