Во Бразил кој идниот месец ќе биде домаќин на Купот на конфедерации, а во 2014 и на Светското првенство во фудбал, проститутките учат англиски за што подобро да го искористат доаѓањето на илјадниците навивачи и туристи. Во градот Бело Хоризонте на југоистокот на земјата, еден од градовите во кои ќе се одржуваат натпреварите, проститутките Викторија и Андреа се подготвуваат за работа во скромен хотел, пренесува АФТ.
Како што наближуваат спортските настани тие се надеваат дека странските туристи ќе им ги зголемат приходите, а таа нова клиентела ќе мора да ја заведуваат на англиски јазик.
-Ќе дојдат многу туристи, а странците трошат пари, добро плаќаат, вели Викторија.
Проблем е што повеќето од нив не говорат англиски јазик, па изминатите неколку месецо Здружението на сексуални работници им организирало бесплатни часови за учење англиски јазик.
Професорот по англиски кој волонтерски ги подучува, доаѓа еднаш неделно, а се фокусира на вокабуларот кој се користи во нивната работа.
-Не ни е толку важна граматиката, бидејќи таа не е важна за нивната работа. Целта е тие да се оспособат за успешна конверзација, да научат да комуницираат со клиентите.., вели тој.
Од 300 проститутки колку што се пријавиле за часови по англиски јазик, само дваесеттина редовно ги посетува часовите, но во Здружението велат дека тоа е еден од начините да се докаже дека проституцијата, која во Бразил е легална е професија како и секоја друга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.