| четврток, 6 декември 2018 |

Железната рипка која ќе спаси илјадници животи

Кога канадскиот научник Кристофер Чарлс открил колку анемични се Камбоџанците, решил да се посвети на тоа да најде решение. За жал, стандардните и тестирани методи, како суплементи на железо во исхраната или диета богата со железо, не биле возможни затоа што биле прескапи за Камбоџанците. Чарлс морал да најде друг начин.

Луѓето со кои работел биле најсиромашните од најсиромашните и не можеле да си дозволат црвено месо или „железни“ пилули. Жените не можеле ниту да готват во железни садови, затоа што биле претешки, и пред сé – прескапи, за разлика од алуминиумските.

„Некогаш пред спиење се прашував на што ли се нафатив. Еве сум овде, во село без водовод и чешми, без струја и без начин да го користам мојот компјутер“, се присетува Чарлс на голготата што ја започнал пред 6 години.

1472855-650-1461243506-555c0e54e7321

Но, големата посветеност сепак резултирала со инспирација. Чарлс решил дека најдобриот начин да излечи анемија е буквално да додаде железо во храната.

1473405-650-1461243506-6

„Знаевме дека некое случајчно парче од грд метал нема да ја заврши работата“… Така, тој и неговиот тим смислиле мало, топчесто парче од железо што жените требало да го ставаат во храната додека готвеле. Но, Камбоџанките не биле баш пресреќни. Научниците го смениле прототипот во форма на цвет од лотус, надевајќи се дека ќе го направат попривлечен додаток за готвење. Ни тоа не помогнало многу.

Иако релативно разорачани, тимот продолжил да прави сé за да ја реализира идејата. Тоа значело дека морале малку да ѕирнат во историјата и културата на Камбоџанците. Па така, стигнале до железно парче во форма на риба – симбол на добра среќа во Камбоџа. Конечно, успех! Жените биле повеќе од среќни да ги додадат железните риби во садовите за готвење, истовремено следејќи ги инструкциите на Чарлс:

1472705-650-1461243506-2

„Остави ја водата или супата со железната риба да врие најмалку десет минути. Тоа ќе помогне да се ослободи повеќе железо во храната. Сега можеш да ја извадиш. Сега додај малку лимонов сок, кој е важен за апсорпцијата на железо“, советувал Чарлс.

Рибата, користена на правиот начин, била дизајнирана да обезбеди 75% од дневната количина железо што му е потребна на возрасен организам, а уште поголем процент за децата. Студиите откриваат дека за 12 месеци, неколку стотици жители биле излечени од анемија. Моментално, околу 2500 семејства користат железни риби, кои исто така се користат и во болниците и непрофитните организации ширум земјата.

„Имаме фантастични резултати – се чини дека има огромно намалување на анемијата, а селските жени велат дека се чувствуваат добро, без вртоглавици и главоболки. Железната риба е исклучително моќна“, вели Чарлс.

1472805-650-1461243506-555c0e553ad39

Честитки доаѓаат и од други здравствени експерти од западот. Тие сметаат дека ваквиот културолошки близок пристап е многу подобар од стандардните таблети, особено што рибата не е толку скапа и има потенцијал значително да го намали ризикот од анемија. Всушност, проектот во Камбоџа се покажа толку успешен, што наскоро ќе биде лансиран и во други земји во Северна Америка и Европа.

Чарлс вели дека научил нешто многу важно при помагањето на луѓето: „Можеш да го имаш најдобриот лек на светот, но ако луѓето не сакаат да го користат, сé е залудно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top