Ноќеска продолжија и натпревари во квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка.
разил под водство на новиот селектор Тите конечно игра достојно на своето име и реноме. Со победата над Боливија во Навал со 5-0 (4-0) „кариоките“ се доближија до пласман во Русија 2018 година.
Ѕвездата на „кариоките“ Нејмар постигна еден гол, но доби лакт и му пукна аркадата. Сепак петкратниот светски првак со супер офанзивен тим го наполни со голови боливискиот состав.
Кутињо, Филипе Луис, Габриел и Фирмино постигнаа по еден гол и покрај Нејмар го „зачинија“ прекрасното враќање во Навал на националниот тим. Под водство на Тите, Бразил ги доби сите три натпревари и ја врати надежта на бразилскиот љубител на фудбалот.
Уругвај останува лидер, а Единсон Кавани прв на листата на стрелците. Двојниот светски првак лесно ја „скрши“ Венецуела и ја совлада со 3-0 со еден гол на Лодеиро и два на центарфорот на ПСЖ. Гостите мечот го доиграа со човек помалку заради исклучувањето на Визкарондо.
Аргентина која се очекуваше да освои три бода на гости кај Перу сепаа одигра само 2-2. „Гаучосите“ настапија без Меси и тоа беше најголемата причина што не стигнаа до трите бода.
Колумбија со голот на Кардона во последната минута од мечот, славеше минимална победа од 1-0 кај Парагвај, а Еквадор го збриша Чиле и за само 46 минути го реши победникот бидејќи на самиот почеток од второто полувреме веќе водеше со 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.