| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за обожавателите: Не сум јас за ова – уште една пејачка се повлече од сцената

demi2

Само неколку недели откако 24-годишната Селена Гомез ги шокираше обожавателите со објавата дека ја откажува турнејата и се повлекува од сцената, истото го направи и нејзината врсничка Деми Ловато.

-Многу се радувам на 2017 година. Земам пауза од музиката и светлата на рефлекторите. Не сум јас за оваа работа и медиумско внимание – објави пејачката на Твитер.

demi

Својата одлука ја образложи со следните зборови: Ќе се свртам кон хуманитарната работа!

Зад Деми е тешко минато. Рано стана ѕвезда, но и зависничка од дрога. Констатирано и е биполарно пореметување, а страдала и од булимија. Со години се лекувала, а во едно интервју изјавила дека мислела дека ќе умре млада бидејќи премногу заглавила во пеколот на зависности. Денеска успешно закрепнува, а голема поддршка во тоа ѝ пружило сега веќе поранешното момче, актерот Вилмер Валдерама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top