| четврток, 6 декември 2018 |

Познатата пејачка призна: Не можев ни час без кокаин

Младата пејачка беше на врвот на својата кариера, кога пред неколку години го постигна дното на приватен план. Дваесет и тригодишната Деми Ловато во 2010 година имаше големи проблеми со исхраната, самодовербата и беше зависник од дрога.

demi lovato 1 profimedia-0285740449_1000x0

Неодамна во интервју за „Рафинери29“, пејчаката се потсети на својте најтешки денови, кога заврши во болница за одвикнување од алкохол и дрога. Поради тоа и денес се плаши да оди на забав.

– На тежок начин морав да научам дека забавите не се за мене. Некои луѓе можат да се забавуваат и да не потклекнат на пороците, но не и јас – признава таа.

Таа почнала да се дрогира уште во тинејџерските денови.

– Пред да се излекувам бев една од оние кои едноставно не се замараа за ништо. Беше ноќна мора да се работи со мене – кажува пејачката, признавајќи дека работите многу бргу излегле од контрола и не можела без кокаин подолго од еден час.

Денес ја држи својата зависност под контрола и го прифаќа своето тело, за кое некогаш сметала дека е дебело и одвратно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top