| четврток, 6 декември 2018 |

Кога агенциите ќе стивнат

Зем­ји ка­ко Гер­ма­ни­ја, САД или дру­ги кон чи­и­што де­мо­кра­тии се стре­ми­ме по­сто­ја­но, а осо­бе­но во ме­се­ци­те пред одр­жу­ва­ње пар­ла­мен­тар­ни или пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри, ги бом­бар­ди­ра­ат гра­ѓа­ни­те со ин­фор­ма­ции за по­пу­лар­но­ста на пар­ти­и­те и на по­ли­ти­ча­ри­те. Оваа ин­фор­ма­тив­на ала­тка, ко­ја со раз­во­јот на де­мо­крат­ски­те ме­ха­низ­ми сѐ по­ве­ќе ста­ну­ва и на­чин за да се из­вр­ши вли­ја­ние врз гла­са­чи­те, кај нас сѐ по­ве­ќе кри­зи­ра. До­де­ка во САД два ме­се­ца пред из­бо­ри­те ре­чи­си се­кој ден има ре­зул­та­ти од ан­ке­ти, а во Гер­ма­ни­ја на ед­на го­ди­на пред пар­ла­мен­тар­но­то из­јас­ну­ва­ње мо­же да се ви­ди реј­тин­гот на пар­ти­и­те не­дел­но, во Ма­ке­до­ни­ја со­стој­ба­та е по­и­на­ква. Што е тоа што смр­ди во ма­ке­дон­ски­те ан­ке­ти?

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од ре­тки­те зем­ји во све­тот ка­де што ин­сти­ту­тот за истра­жу­ва­ње на јав­но­то мис­ле­ње е до таа ме­ра ру­и­ни­ран што поч­наа да го из­бег­ну­ва­ат и пар­ти­и­те и аген­ци­и­те, кои по при­ро­да на не­шта­та тре­ба да го на­ра­чу­ва­ат, спро­ве­ду­ва­ат и об­ја­ву­ва­ат. По ка­та­стро­фал­ни­те ме­ре­ња на реј­тин­гот на пар­ти­и­те во 2011 го­ди­на ко­га, пред сѐ, дел од про­по­зи­ци­ски­те ин­сти­ту­ти, мар­ке­тин­шки­те аген­ции, еки­пи­те за ме­ре­ње реј­тинг це­лос­но ги ут­наа ре­зул­та­ти­те од гла­са­ње­то на гра­ѓа­ни­те и це­лос­но се по­сра­мо­ти­ја, оста­наа са­мо уште не­кол­ку „хра­бри“ истра­жу­ва­чи на јав­но­то мис­ле­ње кои јав­но сто­јат зад сво­ја­та ра­бо­та.

При­чи­на­та за та­ква­та си­ту­а­ци­ја е ед­но­став­на. Пре­го­ле­мо­то по­ли­тич­ко вли­ја­ние и кро­е­ње­то на ре­зул­та­ти­те ја уни­шти­ја до­вер­ба­та во та­кви­те истра­жу­ва­ња. Точ­но е де­ка се­ка­де во све­тот со оваа ала­тка мо­же да се пра­ви сит­на ма­ни­пу­ла­ци­ја, од­нос­но со „осве­жу­ва­ње“ на ре­зул­та­ти­те да се сти­му­ли­ра­ат, да се охра­брат гла­са­чи­те пред из­бо­ри­те, но ко­га тоа се пра­ви над­вор од нај­го­ле­ма­та мож­на ста­ти­стич­ка гре­шка, ре­зул­та­тот е ка­та­стро­фа­лен и за аген­ци­и­те и за по­ли­тич­ки­те суб­је­кти што го пра­ват тоа.

kol214-2-1

Тоа е ед­на од при­чи­ни­те по­ра­ди кои ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја се­га не об­ја­ву­ва ни­ед­но свое истра­жу­ва­ње. Пр­ви­от проб­лем се ло­ши­те ре­зул­та­ти за нив кои, ако би­дат об­ја­ве­ни без ин­тер­вен­ции, ќе го обес­хра­брат опо­зи­ци­ски­от блок при што го­лем број гла­са­чи во­оп­што не­ма да из­ле­зат на гла­са­ње ако е јас­но де­ка се со­о­че­ни со уште еден по­раз. Вто­ри­от проб­лем при об­ја­ву­ва­ње­то на ре­зул­та­ти­те е не­мож­но­ста да се нај­де аген­ци­ја што ќе се сог­ла­си со шти­ма­ње на ре­зул­та­ти­те по пар­ти­ска на­рач­ка и јав­но ќе за­ста­не зад тоа. Се­кој де­бакл ка­ко тој од из­бо­ри­те во 2011 го­ди­на за аген­ци­и­те зна­чи пад на до­вер­ба­та кај биз­ни­сот, кој е нај­го­лем ко­рис­ник и нај­до­бар пла­ќач на нив­ни­те ус­лу­ги.

kol214-2-2

Ло­гич­но би би­ло СДСМ, ка­ко пар­ти­ја ко­ја 10 го­ди­ни е во опо­зи­ци­ја и ко­ја по­сто­ја­но пре­ку ме­ди­у­ми­те и со­ци­јал­ни­те мре­жи твр­ди де­ка ВМРО-ДПМНЕ е ми­на­то, се­га се­којд­нев­но да ја бом­бар­ди­ра јав­но­ста со ан­ке­ти во кои ќе се твр­ди де­ка „трен­дот кај опо­зи­ци­ја­та е од­ли­чен, де­ка има­ат пред­ност во не­кои из­бор­ни еди­ни­ци, де­ка има раст на пар­ти­ски­от реј­тинг во Скоп­је“ и слич­но, но тоа не се слу­чу­ва. При­чи­на­та е ед­но­став­на – раз­ли­ка­та од нај­мал­ку 100 ил­ја­ди гла­со­ви и отсус­тво­то на но­ви по­ли­тич­ки ре­ше­ни­ја, но­ви
про­е­кти, но­ви стра­те­ги­ски ви­зии и парт­нерс­тва не мо­жат да ја сме­нат со­стој­ба­та во пер­и­о­дот до 11 де­кем­ври. За­тоа е по­до­бро да се мол­чи и да се че­ка­ат по­до­бри де­но­ви.

Вла­ста, пак, си има дру­ги проб­ле­ми со ан­ке­ти­те. Не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции од вла­де­јач­ка­та гар­ни­ту­ра ве­лат де­ка пос­лед­на­та ан­ке­та об­ја­ве­на од Ин­сти­ту­тот „Па­вел Ша­тев“ е нај­ло­ша­та ан­ке­та за ВМРО-ДПМНЕ. Спо­ред дру­ги, во уште нај­мал­ку две ан­ке­ти на­ра­ча­ни од нај­го­ле­ма­та пар­ти­ја ре­зул­та­ти­те за СДСМ се уште по­ло­ши, но тие се кри­јат и не се об­ја­ву­ва­ат од страв опо­зи­ци­ја­та да не из­бе­га од из­бо­ри.

kol214-2-3

И, на­ви­сти­на, по­ли­тич­ка­та ло­ги­ка ве­ли де­ка ако сте со­о­че­ни со нов ка­та­стро­фа­лен по­раз во тре­то­то во­нред­но пар­ла­мен­тар­но из­јас­ну­ва­ње, а при­тоа стран­ци­те по­твр­ди­ле де­ка има ус­ло­ви за фер из­бо­ри, не ви пре­о­ста­ну­ва ни­што дру­го освен да ба­та­ли­те ан­ке­ти и кам­па­ња и да ба­ра­те али­би за нов бој­кот на из­бо­ри­те. Во си­ту­а­ци­ја во ко­ја ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та се­га не е со­о­чу­ва са­мо со по­раз на из­бо­ри, ту­ку и со но­ва го­ле­ма по­бе­да на ВМРО-ДПМНЕ, по ко­ја со­нот за го­ле­ма ко­а­ли­ци­ја ќе би­де те­шко­ос­твар­лив, единс­тве­но ви пре­о­ста­ну­ва да ги убе­ди­те со­пар­тиј­ци­те де­ка из­бо­ри­те не се де­мо­крат­ски и да не из­ле­зе­те на нив. Во тој слу­чај За­ев ќе мо­ра да из­би­ра ме­ѓу це­лос­но гу­бе­ње на до­вер­ба­та кај гра­ѓа­ни­те и кај стран­ци­те или, пак, да из­ле­зе на из­бо­ри и по­тоа да ги не­ги­ра ре­зул­та­ти­те. Се­ко­ја од овие две оп­ции зна­чи де­ка Ма­ке­до­ни­ја уште дол­го не мо­же да из­ле­зе од кри­за­та.

 

zaev-zijad-becirovic

Ја не­ма ду­ри и кон­тро­верз­на­та ИФИ­МЕС

Кол­ку е те­шка си­ту­а­ци­ја­та во ре­до­ви­те на СДСМ по­ка­жу­ва и фа­ктот што, освен не­кол­ку пор­та­ли во Ср­би­ја под кон­тро­ла на нив­ни­те срп­ски со­вет­ни­ци кои со на­ра­ча­ни тек­сто­ви ги хра­брат Ма­ке­дон­ци­те да гла­са­ат за За­ев, ги не­ма и „екс­пер­ти­те“ од ИФИ­МЕС.

ИФИ­МЕС е ин­сти­тут и лаж­на аген­ци­ја за јав­но мис­ле­ње со се­ди­ште во Сло­ве­ни­ја, ос­но­ва­на од бо­сан­ски и ирач­ки та­ка­на­ре­че­ни екс­пер­ти за Бал­ка­нот и за Бли­ски­от Исток. Се ра­бо­ти за еден од оние „пла­ти-до­биј“ ин­сти­ту­ти, кои за не­кол­ку ил­ја­ди евра мо­жат да ве прог­ла­сат за по­бед­ник на кои би­ло из­бо­ри, што, се­ка­ко, не­ма ни­ка­ква вр­ска со из­бо­рот на гра­ѓа­ни­те. Во Хр­ват­ска пред не­кол­ку го­ди­ни мар­ги­на­та на гре­шка им бе­ше 40 про­цен­ти, а за неа ме­ди­у­ми­те во ре­ги­о­нот уште во 2007 го­ди­на откри­ја де­ка во­оп­што не спро­ве­ду­ва ан­ке­ти, ту­ку од ра­кав ста­ва про­цен­ти во сво­и­те „про­фе­си­о­нал­ни“ истра­жу­ва­ња. Се­га ду­ри ни неа ја не­ма да се по­ја­ви со реј­тин­зи­те на пар­ти­и­те.

Отка­ко ли­де­рот на СДСМ ла­ни оти­де ду­ри во Љуб­ља­на за да се срет­не со прет­став­ни­ци на „пре­стиж­ни­от“ ин­сти­тут, а тие за воз­врат во април об­ја­ви­ја ана­ли­за во ко­ја „ја сме­ни­ја ма­ке­дон­ска­та вла­да“, ИФИ­МЕС го не­ма во ма­ке­дон­ски­от ме­ди­ум­ски про­стор. Ако не под­го­тву­ва­ат не­ко­ја ан­ке­та слич­на на таа од 2011 ко­га СДСМ има­ше пред­ност од 100 ил­ја­ди гла­со­ви, то­гаш и на ди­ре­кто­ри­те на ИФИ­МЕС, Зи­јад Бе­чи­ро­вич и Бах­ти­јар Али­јаф, им ста­на­ло јас­но де­ка е вре­ме да пре­ста­нат не­зас­лу­же­но да нап­ла­ту­ва­ат па­ри од Зо­ран За­ев, а за воз­врат да му да­ва­ат ни­што. Тоа што дел од ме­ди­у­ми­те во ре­ги­о­нот ги по­вр­зу­ва­ат со ек­стрем­ни ис­ла­ми­стич­ки стру­кту­ри не бе­ше преч­ка за За­ев да одр­жи пре­да­ва­ње во Љуб­ља­на ор­га­ни­зи­ра­но од са­мо­на­ре­че­ни­от ин­сти­тут.

 

„Тел­ма“ го пре­зе­ма ри­зи­кот

Во отсус­тво на ан­ке­ти на­ра­ча­ни од СДСМ или спро­ве­де­ни од фа­кто­ри бли­ски на опо­зи­ци­ја­та и во си­ту­а­ци­ја ко­га ду­ри и Аме­ри­кан­ски­от ре­пуб­ли­кан­ски ин­сти­тут (ИРИ) се отка­жа од ан­ке­ти во Ма­ке­до­ни­ја по­ра­ди при­ти­со­ци од раз­ни стру­кту­ри, на реј­тинг-сце­на­та ста­пу­ва те­ле­ви­зи­ја­та „Тел­ма“. От­та­му нај­а­ви­ја де­ка ќе вр­шат ан­ке­ти во со­ра­бо­тка со пре­стиж­ни аген­ции за ис­пи­ту­ва­ње на јав­но­то мис­ле­ње во пер­и­о­дот пред из­бо­ри­те.

За поз­дра­ву­ва­ње е тоа што „Тел­ма“ вле­зе хра­бро во об­ласт во ко­ја по­ли­ти­ка­та пре­че­сто оста­ва жр­тви на јав­на­та аре­на, а ни­кој раз­у­мен не би са­кал жр­тва да би­де ток­му овој ме­ди­ум. Проб­ле­мот на „Тел­ма“ е тоа што ако нив­ни­те ан­ке­ти би­дат слич­ни на тие што ги об­ја­ву­ва­ат пров­ла­ди­ни­те ин­сти­ту­ти и аген­ции, те­ле­ви­зи­ја­та вед­наш ќе би­де прог­ла­се­на за пи­он во служ­ба на ВМРО–ДПМНЕ, со што ќе за­гу­би дел од опо­зи­ци­ски на­стро­е­ни­те гле­да­чи-гла­са­чи.

Ако, пак, не го из­др­жат при­ти­со­кот од СДСМ и се сог­ла­сат да ги ште­лу­ва­ат ан­ке­ти­те, се­кој ре­зул­тат на из­бо­ри­те над­вор од мар­ги­на­та од 2 про­цен­та ќе би­де ка­та­стро­фа­лен за те­ле­ви­зи­ја­та, во ко­ја во пос­лед­ни­те две го­ди­ни мно­гу се вло­жу­ва и во ка­дар и во тех­ни­ка. Оби­ду­вај­ќи се да им да­де точ­на сли­ка на гра­ѓа­ни­те за пар­ти­ски­от реј­тинг, а во исто вре­ме бо­реј­ќи се за сопс­тве­ни­от те­ле­ви­зи­ски реј­тинг, „Тел­ма“ из­ле­гу­ва на бри­шан про­стор на кој до­пол­ни­тел­но мо­же да ја за­гу­би до­вер­ба­та кај гра­ѓа­ни­те. За нив до­бит­на ва­ри­јан­та би би­ла за­ед­но со сво­и­те парт­не­ри-истра­жу­ва­чи да пред­ви­дат по­бе­да на СДСМ и тоа на­ви­сти­на да се слу­чи, што, се­пак, е ва­ри­јан­та на ко­ја во об­ло­жу­вал­ни­ци­те се до­би­ва мно­гу мал ко­е­фи­ци­ент.

(Текст објавен во 214. број на неделникот Република, 7.10.2016)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top