| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен нов расед: Расте стравот од нови разорни земјотреси

resed

Само неколку дена откако повеќе од 200 послаби земјотреси го погодија југот на Калифорнија, научниците објавија дека откриле докази за нов расед паралелно со тој опасниот Сан Андреас.

Новиот расед минува низ езерото  Салтон во пустината Колорадо, долго 56 метри, а откако бил откриен, сеизмолозите ќе мораат да пресметаат нови модели за ризикот во целото подрачје, односно да предвидат колкаво ќе биде влијанието во подрачјето, кое и така е опасно, а сега му се заканува и уште еден силен земјотрес.

– Овој досега непознат расед претставува нова закана за целиот реон и ќе има големо влијание, а со самото тоа и предвидувањата за поместувањата на тлото и сценариото за распукување на јужниот дел на раседот Сан Андреас со сигурност ќе се променат – наведуваат научниците од сеизмолошката лабораторија на Невада.

Новиот расед не бил откриен порано бидејќи се наоѓа под езеро, а научниците морале да користат голем број на инструменти за прецизно да мапираат низ неколкуте слоеви на почвата.

Геологот Нил Дрискол изјавил дека локацијата го отежнала пронаоѓањето на раседот, но и дека не бил поврзан со скорашните мали сеизмички поместувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top