На годишната средба на Американското геолошко здружение, научниците предупредија дека наредната година се можни силни земјотреси во целиот свет поради периодично успорување на ротацијата на Земјата.
Според Ребека Бендик од Универзитетот Монтана и Роџер Билан од Универзитетот Колорадо малите промени во брзината на вртењето на Земјата може да предизвикаат големи промени на планетата и да направат поместување на тектонските плочи.
– Корелацијата меѓу вртењето на Земјата и сеизмичката активност е силна и укажува дека ќе има зголемен број земјотреси во следната година, изјави Билам за Гардијан.
Научниците ги анализирале земјотресите со јачина над 7 според Рихтеровата скала и укажуваат дека постојат пет периоди на зголемена сеизмичка активност што се случува во интервал од околу 32 години.
– Во тие циклуси има меѓу 25 и 30 силни земјотреси во годината. Во останатото време се околу 15 големи земјотреси во годината, истакнува Билам.
Според него по силните земјотреси во Мексико, Иран и Ирак ќе следуваат многу посилни земјотреси следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.