Роден на 5 април 1961 година
Образование: Универзитет „Оксфорд“
Професија: Пришт за Македонија
Британецот Ричард Ховит, член на Прогресивната група на социјалистите и демократите во Европскиот парламент (ЕП), беше назначен за нов известувач за Македонија во мај 2011 година. Тогаш бомбастично ја презеде функцијата од Талер со верување и уверување дека „за нерешените билатерални прашања со Грција како известувач ќе придонесе во градењето доверба, солидарност и одговорност со цел да овозможи земјата да се движи напред, а на Европскиот совет ќе му ги пренесе препораките на Комисијата за отворање на пристапните преговори со Македонија“.
Ниту верувавме ниту пак нѐ увери дека ќе биде така – секако не беше, а и зошто би било кога по вера социјалист Ховит од срцевината застана зад СДСМ наместо зад Македонија.
И ако се сеќавате на извештаите, оние неповолните за Македонија – тоа е само долгиот јазик на СДСМ во седиштето на Европа.
Искористувајќи ја позицијата која ја има како известувач во ЕП за напредокот на Македонија, а во рамки на прошталната посета, Ховит отворено застана зад политиката на СДСМ во македонското предизборие. Зборувајќи на партискиот конгрес, тој отворено им посака успех на изборите, без задршка насочувајќи се против конзервативните партии.
– Чест ми е да зборувам на овој конгрес и да му посакам на СДСМ успех на изборите што следат. Конзервативните партии во Европа потфрлаат. Нашата и ваша политичка мисија е да ги натераме луѓето да гласаат за економска транспарентност и за социјална правда. Глас за СДСМ на овие избори е глас за здравствена грижа, глас за образование, глас за работни места, за јавни сервиси, глас за повисок животен стандард за сите што живеат во Македонија – рече Ховит дополнувајќи дека е горд на начинот на кој лидерството на СДСМ се справило со политичката криза во Македонија.
Прво што научил Ховит кога дошол во Македонија, ако воопшто кажал дома каде оди, е дека пришт ќе му излезе на јазикот ако рече Македонија. И човекот ниту велеше ниту пишуваше. Тој дури и отвори тема за двојазичност, она што сега отворено го пропагира Заев. Во Предлог-резолуцијата за Македонија за таа година прво го избриша македонскиот јазик, секако од страв од приштот, па се обиде да вметне двојазичност преку промовирање инклузивно двојазично образование, а по острите реакции Ховит се оправдуваше дека не бил разбран.
И кој ќе го разбере кога не зборува македонски.
Туку, нејсе. Она што посебно треба да се обележи е неговата последна средба со партиската специјалка Катица Јанева. Го пречекала без фризура, но во обезбедената соба.
„Се сретнав со специјалната обвинителка и бев во силно обезбедената просторија, каде што материјалите од прислушувањето безбедно се чуваат“, напиша Ховит на профилот на „Твитер“.
Мора да ѝ е човек од силна доверба или од иста партија. А можеби таа соба ѝ е за гости, најчиста и празна.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 214 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 7 октомври 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева