Многумина од нас подгреваат јадења во микробранова печка или на шпорет. Можеби не сте знаеле, но некои од намирниците не смеат да се подгреваат бидејќи со подгревање може да станат токсични.
Тоа може да остави краткорочни последици, како на пример проблеми со варењето на храната, но долгорочно му штети на нашето здравје.
1.Целер. Главно го користиме за супи и чорби или за пире и за салати. По готвењето, целерот мора да се извади од супата и да се изеде. Содржи хранливи материи кои стануваат токсични по повторно загревање.
2. Јајца. Никогаш не подгревајте тврдо варени јајца, кајгана или мусака со прелив од јајца. Најдобро е да се јадат свежо подготвени. Може да се чуваат во фрижидер и да се јадат студени, но не и подгреани.
3. Спанаќ. Готвениот спанаќ се јаде веднаш кога ќе биде подготвен. Содржи висок процент на хранливи материи, кои со стоење или со повторно подгревање се претвораат во канцерогени и опасни за здравјето.
4. Компир. Компирот никогаш не се подгрева и не се остава за следниот ден. За работи за здрава намирница која ги губи хранливите материи за време на подгревањето. Ако подготувате вариво за неколку дена, не ставајте компир.
5. Печурки. Се јадат веднаш кога ќе се подготват. Подгревањето го менува составот на протеините во печурките и поради тоа може да дојде со разни проблеми со варењето на храната во цревата. Исто така, тие го менуваат вкусот. Забраната за подгревање важи за супи, рижото и сите други јадења во кои се наоѓаат печурки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.