| четврток, 6 декември 2018 |

Oд кои намирници најчесто се разболуваме?

Најголемиот број луѓе се разболуваат од храна која ја јадат по ресторани, а овошјето е најчестиот виновник за болести предизвикани од храна, судејќи според податоците од Центарот за контрола на болести во САД

Погледнете ја инфо-графиката која прикажува од кои намирници најчесто се разболуваме, како и локацијата од која најчесто доаѓа до контаминација, пренесува Huffington Post.

Само како пример, еден од шест Американци секоја година се разболува од контаминирана храна. Патогените како што се ешерихија, се најчестите виновници кои предизвикуваат симптоми како што е грозница, дијареа и повраќање.

Најголемиот број луѓе се разболуваат од храна која ја јадат по ресторани, а овошјето е најчестиот виновник за болести предизвикани од храна, судејќи според податоците од Центарот за контрола на болести во САД.

Податоците на центарот покажуваат дека во текот на 2012 година од морски животни се разболеле 601 лице, од копнени животни 1. 736, додека поради болести предизвикани од билки, помош побарале 1. 754 лица.

Меѓу најчестите локации на кои доаѓа до контаминација, на прво место се рестораните а потоа следат приеми и коктели, дом и други места.

Овошјето како сливи, цреши, јагоди, праски… односно сето она на кое обично не му ја отстрануваме лушпата, во хотелите и рестораните, поминува низ многу раце дури да стигне на полицата или во вашата чинија. Една од тие раце, може да биде носител на патогени бактерии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top