Во едно неодамнешно соопштение за јавниот печат, гигантот на филмови за возрасни ја нарече Ким Кардашијан „член на семејството Порнхаб“ и вели дека сака да и’ помогне во врска со неодамнешните настани.
„Порнхаб“ нуди 50.000 долари награда за информации кои би довеле до апсење на злосторниците кои ја ограбија Кардашиан.
Во соопштението за печатот, потпретседателот на сајтот, Кори Прајс, изрази сочувство за непријатното искуство на Ким.
– Тука во „Порнхаб“ бевме многу загрижени кога слушнавме за тој ужасен инцидент поврзан со Ким во Париз. Ние ја сметаме Ким за член на нашето семејство и сакаме да направиме се’ што можеме за да се осигураме дека сторителите на ова грозоморно злосторство бидат изнесени пред лицето на правдата – стои во соопштението.
Прајс ги повика сите нивни фанови ширум светот да работат заедно „за да ги обезбедиме сите потребни информации во врска со кривичното дело и да ги фатиме криминалците.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.