Македонската машка ракометна репрезентација треба да ги дефинира плановите за подготовките за Мундијалот во Франција следната година.
Иако во преден план се првите два меча од квалификациите за Европското првенство во Хрватска, на крајот од месец декември Македонија ќе одигра 1-2 тест-мечеви пред да замине за Мец каде што ќе ги игра своите мечеви на Мундијалот.
Деновите селекторот Лино Червар разговарал со легендарниот Лавров, кој работи во руската ракометна федерација и добил понуда за учество на турнир во Москва спроти Мундијалот. Се работи за прелиминарна покана, а во следните неколку недели ќе биде познато дали таа спаѓа во планот на федерацијата и доколку учествува на овој турнир со кои селекции ќе одигра тест-натпревари.
Македонија на Светското првенство ќе се соочи со Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и со Ангола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.