| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд програма на De:sonanz Festival 2016

Осмото и најголемо издание досега на De:sonanz Festival, реномираниот македонски фестивал за современа музика и уметност завршува со големо викенд-финале на повеќе концертни бини и подиуми во МКЦ Скопје.
Во петок (07.10.2016) традиционалните звуци ќе се вкрстат со современата електронска музика преку концертната програма која ја отвора македонскиот минималистички етно состав Баклава во 21:00 часот, следени од Британскиот електроакустичен проект Scald, а после полноќ започнува и DJ програмата на два подиуми предводена од OAKE (Берлин, Германија) и Rommek (Велика Британија)
Во сабота (08.10.2016) главниот подиум го предводи легендарниот drum’n’bass ветеран dBridge (Велика Британија) заедно со неколку истакнати DJ-и од локалната сцена, додека во холот на МКЦ ќе се претстави Code XX проектот, програма од женските DJи на скопската сцена.
Понеделник (10.10.2016) фестивалот се затвора со забава на два подиуми, на главниот подиум “Ехо од Далечното Минато” со Funky Junkie  (Србија), DJ Гоце САФ, DJ Чваре и DJ Hypertech, додека техно колективот Room 313 го предводи вториот подиум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top