| четврток, 6 декември 2018 |

Ме гледаат бледо и прашуваат зошто им здодевам – учителка која искрено признава дека сме сѐ поглупави

Наставничка по англиски јазик, во едно средно училиште во Србија, привлекла огромно внимание кога на својот блог објавила текст под наслов „Деца кои изеле скакулци“.

Своето лично искуство со средношколците решила да го сподели со јавноста, пред сѐ поради големата промена која ја забележала кај учениците.

„Тешко ми е да го започнам овој текст затоа што не е лесно да се напише дека учениците се сè помалку интелигентни. Страшно е што еден просветен работник, родител и човек ќе го напише тоа“.

Веќе со години, продолжуваа таа, се бори со фактот дека од генерација во генерација се повеќе кај младите расте рамнодушноста, незаинтересираноста, отупеноста.

„Кога ќе помислам, се променило општеството, тогаш се присетувам дека природата е појака од општеството…тинејџерот мора да биде бунтовен, да има големи соништа, да биде решен да го промени светот. Кога ако не кога има 15, 17 години?“

Во својот текст таа однапред им се извинува на родителите.

„Сакам да им се извинам на сите родители затоа што го пишувам ова. Знам дека звучи страшно и нечовечно, но вие имате едно или две деца, а „низ мои раце“ поминуваат и поминале околу 1000 деца и не можам а да не ја видам промената која се случува пред моите очи. Пред некој ден ги прашав учениците која е нивната работа од соништата, во оној момент кога парите нема да им бидат проблем. Тогаш дознав дека немаат соништа…“

Причината за ваквата отупеност, првично ја побарала во системот на образование.

„Знам дека некои од училиштата се обидоа да направат места за зафрканција. Знам дека во општеството има промена на вредносниот систем. Срамежливо и со голема непријатност со колегите ја дискутирам оваа тема. И тие како и мене го имаат истиот впечаток. Сите сметаат дека има голема и но не и позитивна промена кај учениците.“

Пишува дека децата бараат и очекуваат помалку од она што се нивните вистински капацитети.

„Ако еден ученик има потешкотии во совладување на наставата, тој прави план по енгова мерка, го крати материјалот, ќе ги намали критериумите, па слободното време ќе го поминува на социјални мрежи, фолкотеки, и на турски серии. Во никој случај не барај од него повеќе! Не ги терај да научат! На училиште дозволи му да прави од себе будала….не е до него, до тебе е. Нашарај му ја училницата, пеј му песни, учи го низ игра, па иако има 18 години. Немој случајно да го повишиш тонот на гласот! Немој случајно да му даваш домашна задача! И не се осмелувај да му пишеш 1, затоа што не е до него…?“

Својот текст, таа на крајот го насочува кон апел за заедничка борба на возрасните да им помогнат на децата.

„Ни ги зедоа фабриките, па дури и изворите за вода. Без збор ги прифаќаме сите западни трендови. Сега знам дека и западот ни ги зема децата. Ајде да се освестиме сите заедно. Ајде барем децата да не ги даваме. Ајде да им помогнеме на децата, де надевам дека не е касно.“

Учителката Недиќ, пишува и дека се чувствува немоќно, кога мора да го поедностави материјалот за учење за да им биде полесен, кој веќе е поедноставен.

„Децата ме гледаат бледо, не можат да го повторат она што им го кажувам. А најлошо е кога ќе ги прашаш за мислење. Те гледаат збунето. Не им е јасно зошто ги заморуваш со прашање за да ти дадат свое мислење за некоја тема…“

Погледнете го целиот текст и блог на наставничката Љубинка Боба Недиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top