Странските борци што се придружиле на ИД имаат повисоко образование од очекуваното, се вели во анализа на Светска банка. Анализата е направена по податоци на ИД за 3.803 борци во кои се информации за националноста, образование и друго.
– Констатираме дека ИД не повикува борци меѓу сиромашните и најнеобразуваните, туку сосем обратно – се вели во анализата.
Според податоците, 43,3 отсто од странските борци завршиле средно образование, а 25,4 отсто се факултетски образовани.
-Само 13,5 отсто не продолжиле со образование по основното училиште, а 1,3 отсто се неписмени. Анализата покажува дека тие заминале во Сирија со различни цели – некои сакале да помогнат на административната структура на ИД, а други да стават крај на својот живот. Трети сакале, едноставно, да војуваат – се вели во анализата.
Новоизбраниците на ИД, кои доаѓаат од Африка и од јужниот дел на Азија и на Блискиот Исток се значително пообразовани од сонародниците. Голем дел од нив тврделе дека имаат работа пред да се приклучат во ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Полуматурантите во понеделник и вторник ќе се запишуваат во средните училишта
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто