| четврток, 6 декември 2018 |

Кои подрачја од Македонија се сеизмички најактивни?

„Сеизмички најактивни подрачја во Македонија во поблиската историја се покажале Пехчево, Дебар и Скопје каде се измерени високи магнитуди, а да не го заборавиме и Валандово, каде низ историјата имало одредени потреси и земјотреси“, изјави Соња Липиткова, Државен секретар во Министерството за животна средина во „Аргументи“ на ТВ Нова.

lepitkova-640x284

Таа појасни дека геотектонската карта која што ја има во Република Македонија е поделена на геотектонски единици што покажуваат каква е состојбата, каде се тие клучни расади кои се од регионален карактер и кои се сеизмотектонски поактивни.

„Република Македонија како и земјината топка има одредени структури кој се поактивни од некои други, тоа зависи од дебелината на самата земјена кора и структурата на карпите кои што како такви ја образуваат. Ние сме исклучително комплицирана структура“, додаде Липиткова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top