Македонскиот голман Борко Ристовски е најзаслужен за победата на Барселона на гостувањето кај Флензбург која победи со 28-27. Ристовски забележа дури 19 одбрани.
Македонскиот голман доби шанса од првата минута и ја искористи на најдобар можен начин. Во првото полувреме фати дури 11 топки, а Барса на одморот замина со предност од 13-11.
Во второто полувреме Флензбург се обидуваше да го сврти натпреварот, но кога беше најпотребно Борко стапуваше на сцена забележувајќи уште осум одбрани за вкупно 19.
Победата на Барса беше зачинета и со четири погодоци на македонскиот капитен Кире Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.