Зад решетки завршија родителите на четиригодишно девојче во Загреб на кои лекарите во крвта и пронашле кокаин. Станува збор за 40-годишен мажи и 35 годишна жена кои се уапсени откако од болницата го пријавиле овој случај во полицијата.
Партнерите се долгогошни зависници од дрога. Таткото неколкупати се пријавувал во разни програми за лечење од зависност, но никогаш не бил целосно чист.
Мајката освен што конзумира дрога, има проблеми и се телесната тежеина, скоро е анорексична.
Случајот е откриен кога таткото ја одвел ќерката на лекар кога почнала да повраќа и добила висока температура. Кога биле направени испитувања се покажало присуство на опојни дроги во урината.
Не се знае колку кокаин успеало да внесе во себе девојчето.
Грижата за неа ја презела бабата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.