Постојат многу растенија кои помагаат во случај на висок крвен притисок, но сепак како најефикасни природни лекови се лукот и сокот од домати.
Почесното прво место го зазема лукот, затоа што научно е докажано дека во неговиот состав се наоѓа материјата наречена алицин која го намалува високиот крвен притисок дури и кај лицата со тежок облик на хипертензија. Освен тоа, лукот е корисен за целокупниот кардиоваскуларен систем и ги заштитува крвните садови од тежок облик на оксидативни процеси.
На второ место по ефикасност се наоѓа сокот од домати. Освен што значително го намалува високиот крвен притисок, сокот од домати го спречува појавувањето на тромбоза како и можноста за слепување на тромбоцитите. Важно е да се нагласи дека во овој случај треба да се пие свежо исцеден сок од домати без ниту еден зачин вклучувајќи ја и солта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.