| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се забрани ли во Македонија циркус со животни

Овој месец се очекува Собранието да го изгласа новиот Закон за заштита и благосостојба на животните, со кој Македонија ќе се вбрoи во земјите каде што циркусот со животни и законски ќе биде забранет. Според  измените и дополнувањата на  Законот за благосостојба на животните се забранува користње на животните за циркуски претстави, како и  држење, одгледување и размножување на ендемски животни наменети за користење во циркуски претстави. Ова значи дека во циркуските претстави ќе може да учествуваат само луѓе. Инаку последни држави што го забранија циркусот се Грција и Шпанија.

Активистите за заштита на животните велат на овој начин ќе се заштитат животните кои за сметка на циркуските претстави се изложуваат на најразлични малтретирања.

-Одамна апелиравме да се забрани циркусот во Македонија, нешто што досега го сторија огромен број европски држави. Малкумина ја знаат заднината на она што се случува пред дивите животни да излезат за да ги насмеат луѓето. Животните со месеци се држат во кафези, а слоновите со окови на нозете. Тие буквално живеат во заробеништво. Додека слонот ја изведува комичната точка, тој се скротува со електрични шокови. Сето ова беше откриено уште во 1998 во Велика Британија кога со тајно снимање беше откриено во какви мизерни услови живеат овие животни чие место им е во дивината. Тоа не смеат да го дозволат држави кои пропагираат благосостојба на животните, Мери Јордановска, член на Асоцијација на активисти за заштита на животните (ААПЖ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top