Навивачите на сплитски Хајдук планираат да го прекинат квалификацискиот натпревар меѓу Косово и Хрватска, кој в четврток ќе се одигра во Скадар, Албанија.
Навивачката група „Торцида“ подготвува акција, со која ќе го прекине натпреварот Косово-Хрватска, потврдил за „Јутарњи лист“ комесарот за безбедност при Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Мирослав Марковиќ.
-Тоа не се озборувања или шпекулации, туку информации што со оперативна работа ги собираме од сите страни. Кога тие од повеќе места ќе бидат потврдени, тогаш ние го информираме организаторот. Не сакаме да излегуваме во јавноста со повеќе детали, за да не ја спречиме работата на полицијата, но доколку секој го одработи така како што треба својот дел, тогаш нема да има никакви проблеми – рекол Марковиќ.
Тој дополнил дека за безбедноста ќе се грижат албанската и косовската полиција и дека верува дека инцидентите ќе бидат сведени на минимум.
-Постои информација дека се планираат инциденти, но јас не можам да кажам колку е сериозна. Имаме добра соработка со полицијата – порачал Марковиќ.
Навивачите од Сплит еднаш веќе успеаја да прекинат меч на Хрватска. На Европското првенство во Франција, во Сен Етиен, тие на неколку минути предизвикаа прекин на натпреварот Хрватска-Чешка (2-2).
Пред тој натпревар постоеле најави дека се планираат инциденти, кои потоа се покажаа како вистина.
Мечот Косово-Хрватска во Скадар, в четврток, ќе почне во 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
-
Инцидент во Ливерпул: Торцида корнеа столчиња и маваа кон навивачите на Евертон (ВИДЕО)
-
Инцидент во Гевгелија: Од кавга во дискотека до целоноќно бркање со обезбедувањето