Ракетата околу 19 часот најпрво поминала низ покривот, а потоа влетала во тоалетот. Во тој момент куќата била полна со луѓе, но никој не е повреден.
-Слушнавме најпрвин две силни експлозии. Куќата се затресе, но не можевме да процениме од кеде доаѓа авукот. Соседите не предупредија дека од тоалетот излегува чад, раскажува Бобан Марковиќ, син на сопственикот на куќата.
-За среќа во тоалетот немаше никој. Не знаеме точно каде експлодирала, дали кога удрила во покривот или во тоалетот, само гледам дека цевките се скинати и дека тоалетот е руиниран, а кога ја отворив вратата се соочив со големо количество пареа и густ црн чад, продолжува Марковиќ.
Тој тврди дека ракетата е испалена од блиската планина Кукавица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


