| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени денови на ФЗОМ

Како што се наведува во соопштението на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, отворените денови се дел од заложбите за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува.

fzom.jpg-500

Осигурениците на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од утре, во сите 30 подрачни служби на Фондот, ќе можат дирeктно од одговорните лица да се информираат за своите права, да претстават некој проблем со добивање на право од здравствено осигурување или да дадат свои идеи и предлози, кои се однесуваат за унапредување на работата на Фондот.

Како што се наведува во соопштението на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, отворените денови се дел од заложбите за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува.

Средбите со осигурениците, информира ФЗОМ, се начин да се согледа перцепцијата на осигурениците за нашата работа, но и да добиеме предлози за надминување на„ тесните грла“ во работењето. Средбите ги доживуваме како можност за насоки  за тоа на што да се обрне поголемо  внимание, што треба да се подобри во работењето или  да се поедностави како процедура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top