Во последната деценија скандинавскиот стил е еден од напопуларните начини на уредување на просторот, зашто совршено се вклошува во современиот амбиент и покрај тоа што ја следи традиционалната форма.
Основата ја сочинуваат бела боја, многу дрво и природни материјали, кои современите декоратери ги збогатуваат со модерни детали во силни бои кои совршено се вклопуваат со класичните парчиња мебел.
Северните народи најчесто користат светло дрво или темно, кое го бојосуваат во бела боја или во бежова нијанса. Посебен шарм на домот му дава мебел од необработено дрво, зашто потсетува на романтични планински викенд-куќи. Скандинавците го бојосуваат во бела боја дури и паркетот, вратите и касите, што визуелно го зголемува просторот и го прави покомфорен.
Во општата белина совршено се вклопуваат разнобојни перничиња, вази сво силни бои, лустери од шарени кристали, подни прекривки во весели тонови, дури и живописни керамички плочки во кујната.
Ако ви се допаѓа овој стил, акцентот ставете го на голема трпезариска маса од дрво и удобна гарнитура за седење во бела или во бежова боја. На масичките или комодите ставете вази со свежо цвеќе. Во традиционалниот скандинавски стил масите не се прекриваат со декоративни чаршафи, а на прозорците нема завеси за да продре повеќе светлина во домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.