| четврток, 6 декември 2018 |

Децата ќе продаваат свои цртежи за хуманитарни цели

Детски цртежи на тема: „Децата како пешаци во сообраќајот“ ќе се продаваат денеска во Сити мол за хуманитарни цели. За сите дечиња специјално ќе настапат  супер ѕвездичките, а настанот ќе го одбележи присуството на кловнот Лили, аниматори, жонглери…

На овој настан најавени се присуствата на Министерката за внатрешни работи, Амбасадорот на Холандија, Амбасадорот на Словачка,  Претседателот на РСБСП и организаторите на Втората Глобална недела за безбедност на патиштата на ОН – Безбедност на пешаците, Генералниот секретар на АМСМ.

Настанот се организира по повод завршувањето  на  Втората Глобална недела за безбедност на патиштата на ОН – Безбедност на пешаците

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top