Иако некои го критикуваа што Ким ја оставил сама во апартманот во Париз, кога беше нападната и ограбена, нејзиниот телохранител Паскал Дувиер прати остра порака на разбојниците кои ја ограбија ријалити ѕвездата.
-Злосторството во Париз кое и се случи на Ким е најодвратно нешто што сум го видел и чул- рекол телохранителот на Ким, Паскал Дувиер. Паскал кобната ноќ бил во клубот близу до апартаманот во кој спиела Ким.
-Имаме дојава и информации и ќе ве најдеме, тоа ви го ветувам. Се плеткате со погрешни. Слабаци сте бидејќи сте нападнале жена – порача телохранителот.
За време на грабежот на Ким и е земен целиот накит, меќу кој и смарагден прстен кој и го подарил Канје, вреден 4 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.