Уште не седнати на обвинителна клупа, припадниците на „Ќелија 2“ ја признаа вината. Падна спогодбата меѓу обвинителството за организиран криминал и обвинетите за учество во терористичка организација кои беа уапсени во јули годинава, пренесе Алфа ТВ од обвинителството.
Ова е втор случај каде цела мрежа призна учеството во терористичка организација што ја помагала, дело кое на товар им го стави МВР во јули годинава, кога 5 од 7 припадници на групата завршија со лисици на рацете. Спогодбата со обвинителство ја склучиле петтемина обвинети, се бараат уште двајца, кои според сознанијата на полицијата се уште се на боиштата на страната на џихадистите. Обвинетите се осудени на казна затвор од 2 години и 4 месеци, 2 и 6 месеци и 2 години и 8 месеци.
„Ќелија 2“ специјалците ја разбија во јули, на 7 локации во Скопје и Тетово,полицијата собра доволно докази со кои обвинетите беа доведени пред свршен чин да мора да признаат дека биле дел од терористичка организација надвор од Македонија. МВР немаше оперативни сознанија дека овие лица подготвувале терористички напади на територијата на Република Македонија, но со оглед на нивната воено – терористичка обука што ја имале во војските во кои се бореле, секако дека претставувале закана за Македонија и за земјите од регионот.
Минатата година, полицијата ја разби првата џихадистичка „Ќелија“, тогаш 11 обвинети признаа вина дека биле дел од паравоена и пара полициска организација и тогаш се спогодија со обвинителството, а највисоката затворска казна од 7 години беше за идеологот на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи