| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати разгледување на какви било дополнителни барања на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ останаа на ставовите кои што ги кажаа во однос на барањата на Специјалното јавно обвинителство, а  тоа е дека нема да прифати никакво разгледување какви било барања на Специјалното јавно обвинителство од неколку причини, истакна денеска на прес-конференција Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Понатаму, не беше доставен финансиски извештај што е прв пат во плуралната историја на Република Македонија, а може и предходно во предходните 50, 60 години во социјализмот. Не паметам, но веројатно е прв пат, воопшто одредена институција којашто според законот одговара за својата работа пред Собранието да одбива да даде финансиски извештај за тоа како ги троши парите на граѓаните. Во овој конкретен случај станува збор за повеќе од 60 милиони денари за коишто Собранието беше одбиено да му биде доставен финансиски извештај.

Самото не доаѓање на седница на Комисијата за политички систем и грубо отфрлање на обврската да се брани извештај се исто така доволна причина за пратениците, ценејќи и почитувајќи го Собранието како највисок законодавен дом во Република Македонија, да гласаат спротивно на овие две барања.

-Тоа што овие две барања доаѓаат од СДСМ, јасно говори дека практично СДСМ и СЈО се синоним. Тоа е исто и нема разлика помеѓу СДСМ и СЈО. Тоа што СЈО го работи е кампања на СДСМ и тоа што СДСМ го работи му помага на СЈО да ја тера кампањата на СДСМ во овој предизборен период. Затоа, со чиста совест, одговорно, спротивно на желбата да се продлабочува политичката криза во Република Македонија којашто очигледно одредени партии ја имаат, гласавме против овие барања и ќе гласаме во иднина против вакви барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top