| четврток, 6 декември 2018 |

Салма Хаек во Белград ќе се бори против убијците

Познатата актерка Салма Хаек ова лето ќе снима филм во српската престолнина Белград. Четириесет и шест годишната Хаек  ќе биде главна ѕвезда на филмот „Everly“ на режисерот Џо Линч.

Ќе се снима за акционен трилер за жена која се бори со убијци кои ги испраќа нејзиниот поранешен сопруг, опасен мафијашки „бос“. Филмот сѐ уште не почнал да се снима додека Салма во меѓувреме работи на филмовите „The Prophet“ и вториот дел на филмот „Matorani“.

Хаек е најпрепознатлива по легендарната сцена со танцот со змијата во филмот „Од самрак до зори“ на режисерот Роберт Родригез, а Квентин Тарантино беше косценарист и актер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top