
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард има договор со екипата на ЛА Галакси до ноември и не го исклучува враќањето во Премиер лигата како следна дестинација во неговата кариера.
– Уште сакам да играм, да тренирам и да се натпреварувам со најдобрите на светот. Доколку можам да останам овде, ќе останам. Но, доколку стигне понуда од Премиер лигата секако дека нема да ја одбијам. Ќе видиме што ќе се случува во наредните неколку недели – изјави Џерард.
Играчот за врска најави дека доколку не добие понуда за да продолжи на фудбалските терени, ќе ја започне кариерата како тренер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


