| четврток, 6 декември 2018 |

Батистута: Бев тажен кога ја напуштив Фиорентина, Фиренца беше мојата девојка

batistuta-i-toti

Летото 1991 година, Омар Габриел Батистута го облекува дресот на Фирентина, каде пристигнува со епитетот најдобар стрелец во Аргентина и шампион на таа земја. Во следните години, тој станува жива легенда на тимот од Фиренца. На 332 официјални натпревари постигнал 207 гола и беше еден од најомилените играчи во историјата на Фиорентина.

Во Фиренца помина девет години, по што се пресели во Рома, но се чини најмногу поради финансискиот пропаст на Фиорентина и преселбата во четвртата лига. И во тимот на Рома беше еден од најдобрите играчи, а исто така и во следниот негов тим Интер. Но, како што вели едноставно жали за деновите поминати во Фиренца.

– Се чувствував ужасно кога ја напуштав Фиорентина и заминав во Рома, едноставно бев многу тажен. Ми беше тешко, бидејќи мислам дека не ги исполнив очекувањата на сите навивачи на Фиоентина. Фиренца од секогаш ја сметав како моја девојка. Таква љубов кон градот и клубот не може да се опише со зборови – изјави полн со емоции, Батистута.

Популарниот Бати-гол со тимот на Фиорентина освои еден Куп на Италија и Суперкуп, а е и најдобар стрелец во клупската историја. Денес веќе 47-годишниот Батистута, својата кариера ја заврши во Ал Араби во 2005 година. За репрезентацијата на Аргентина одигра 77 натпревари и постигна 54 гола. Вчера во Фиренца, Батистита беше прогласен за почесен граѓанин на овој град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top