Група хакери украла 45 милиони долари од банкомати во повеќе земји во рок од само неколку часа. Тие претходно ги украле банкарските податоци, упаѓајки во базата на податоци на банката. Ги укинале лимитите за подигање пари од банкоматите и ги зеле пристапните кодови кои ги пренеле на лажните картички. Кодовите ги пренеле на картичките со магнетна трака како што има на кредитни картички, хотелски клуч картици и слично, јави АП.
Хакери со лажни кредитни картички подигнувале пари од банкомати исклучиво од сметки кои банките ги користат како гаранции за припеид картички, избегнувајќи приватни и деловни сметки. Седуммината уапсени во САД кои работеле како група, оперирале во неколку земји и за кратко време усепеале да земат пари од неколку илјади банкомати. Оперирале во Јапонија, русија, Романија, Египет, Колумбија, Велика Британија, Шри Ланка, Канада и неколку други земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


