| четврток, 6 декември 2018 |

Од љубопитност засадил стебла од Кина, а со нив ќе обезбеди дрва за огрев за следните 40 години

carsko-drvo1

Дрвото на иднината кое расте три пати побрзо од останатите брзорастечки стебла и за пет години достигнува висина од 20 метри и обем од 42 сантиметри – од далечна Кина, пушти корени во Србија.

Се работи за пауловнија или царско дрво, специјален хибрид кој поднесува големи температурни разлики, а кое Делимир Гркиќ, поради радозналост, го засадил на својата нива. Тој насадил 150 стебла на шест ари и за три месеци речиси сите биле високи три метри, а дебелината на стеблото им била околу 6 сантиметри.

Гркиќ е презадоволен како пауловнијата расте во неговата нива, иако, наведува, бил прилично скептичен кога се одлучил за садење. Сепак, радозналоста победила, а и економскиот ефект, бидејќи пауловнијата се нарекува дрво на иднината токму поради нејзината исплатливост.

carsko

Ова дрво со потекло од Кина се користи повеќе од 3.000 години. Распространето е и во Јапонија, а на Балканот стигнало неодамна. Причината за тоа е што дури сега се појавиле хибриди од ова необично стебло кое може да успее во климатски услови какви што се на Балканот. Со вкрстување, пауловнијата е адаптирана за овие простори, па сега новите врсти може да издржат зимски температури пониски од минус 20 степени Целзиусови, а на лето – преку 45 во плус.

Гркиќ посадил 150 садници поради економксата криза. Вели дека целта му била да ги користи за огрев. Сега, планира да посади уште 1.000 садници и така на своето семејство да му обезбеди дрва за огрев во наредните 4 децении.

ccd

Царското дрво има огромни листови и лисна површина, поради што расте толку брзо. Лесно се обработува и спаѓа во квалитетно техничко дрво. За индустриска употреба е спремно за 7 до 10 години, а за тоа време стеблото достигнува дебелина од педесетина сантиметри. По сечењето, ново стебло расте од истиот корен и така седум пати, што во голема мера го прави многу исплатливо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top