| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари на жена и извадиле компир од вагината

Вработените во една клиника во Колумбија биле вџашени кога им се јавила девојка (22) на која компирот кој и бил во вагината како вид на контрацепција почнал да рти.

1_123802

Персоналот во амбулантата во градот Хонада соопштил  дека дваесет и двегодишната девојка дошла жалејќи се на болка во долниот абдомен, а медицинската сестра Каролина Ројас била шокирана кога видела дека компирот буквално растел во неа.

-Мојата мајка ми кажа дека доколку сакам да не забременам треба да ставам компир доле и јас и поверував- изјавила пациентката.

Ројас кажала дека компирот бил во девојката околу две недели и додала дека успале да го отстранат зеленчукот од неа без операција и дека не очекуваат дека ќе има некои последици и промени, освен што од сега ќе знае дека ова не е начин да се заштити од несаканата бременост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top