Подгответе се, од утре Македонија ќе ја зафати поларен бран, утринските температури ќе паднат под нулата.
Се очекува и локален дожд, особено во северните делови.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен повремен дожд и со повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
Во среда ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително спуштање на дневната температура.
Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и се постудено, а во петок ќе настапи ново наоблачување со врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.