| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ѝ го честита празникот Рош Хашана на еврејската заедница во Македонија

gruevski-evrejska-zaednica

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до Еврејската заедница во Македонија и до претседателот на Еврејската заедница, Берта Романо-Николиќ по повод празникот Рош Хашана.

„Рош Хашана е исклучително значаен празник во хебрејската традиција кој промовира силни морални и етички вредности. Празнувањето преку кое се потсетуваме на сите дела од изминатата година носи голема морална одговорност и не учи како да бидеме добри едни кон други и како да изградиме подобар заеднички соживот.

Универзалната хуманистичка порака која ја носи празникот, преку погледот во минатото да се извлечат поуки во сегашноста и да се прават добри дела во иднината, претставува порака достојна за почит и пример насекаде во светот“, пишува Груевски во честитката.

Тој потенцира дека еврејската заедница има значаен и силен белег врз културниот, економскиот и општествениот живот во нашата земја.

„Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме заеднички за унапредување на сите општетствени сфери кои се значајни за сите граѓани на нашата земја. Верувам дека еврејската заедница, презентирајќи ги своите вредности, и понатаму ќе продолжи да придонесува кон унапредување на македонското општество, и ќе има значајна улога во понатамошно продлабочување на пријателството и соработката меѓу Македонија и Израел.

По повод големиот празник ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во семеен мир и благосостојба“, завршува Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top