Шпанските весници јавуваат дека ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала е следната голема цел на Барселона.
Младиот Аргентинец игра одлично во дресот на „старата дама“ веќе втора сезона и неговата цена расте, а во Барселона и Аргентина го сметаат дека тој може да биде наследник на Лионел Меси.
Меси ја советувал управата на клубот да направи големи напори за да го донесе неговиот сонародник на „Камп Ноу“. Сепак Јувентус одговорил со контра понуда за нов договор по кој Дибала ќе заработува 4,5 милиони евра годишно, што е 40% повеќе од неговата сегашна плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.