| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Тодоров во Братислава на состанок со министри за здравство од ЕУ

Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров денеска ќе присуствува на неформалниот состанок на министри за здравство, кој се одржува во Братислава, во рамки на претседавањето на Словачка со Советот на Европската Унија.

Состанокот, соопшти Министерството за здравство, е посветен на повеќе актуелни теми и предизвици од областа на здравствената заштита, со посебен фокус на употребата на лекови, вакцинација и други актуелни јавно-здравствени теми.

На маргините на состанокот, Тодоров ќе оствари билатерални средби со министрите за здравство од повеќе европски земји, во насока на унапредување на меѓусебната соработка во повеќе аспекти на здравствената заштита, зголемување на можностите за едукација на медицинскиот персонал во странски земји и размена на искуства во повеќе специјалности, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top