Полицијата во Куманово вчера поднесе кривична пријава против 42-годишниот Д.В. кој се обидел да силува познаничка. Д.В. е осомничен за силување во обид. Тој на 21 септември околу 15 часот дошол во дворот на оштетената Ж.Б. во село Бајловце, се обидел да ја силува жената. Жртвата успеала да се спаси и да ја алармира полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.