| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје град на гаќи и саксии

Имало или немало Закон за куќен ред, саксиите и гаќите во Скопје сеуште се за сечии очи

Прошетката со фотоапарат низ Скопје покажува дека иако веќе две години се говори за забрана за сушење гаќи на очиглед на сите, како и оставањето небезбедни цветни аранжмани на прозорците и на балконите, Скопје останува град во кој долната облека и тешки саксии висат над пешачките патеки.

Саксиите со дрвја оставени без заштита на прозор можат да убијат

Саксиите со дрвја оставени без заштита на прозор можат да убијат

Во урнекот за договорот за куќен совет од ресорното министерство уште во 2010 година беше наведено дека не се дозволува сушење алишта на отворени делови од зградата – прозорци, балкони и лоѓии, кои се видливи од другата страна на улицата или од друга јавна површина.

Пластиката со време се рони, но нека му ја мислат минувачите

Пластиката со време се рони, но нека му ја мислат минувачите

Исто така, забрането е и чување работи што го нагрдуваат изгледот на зградата, како и небезбедни саксии, кои при паѓање може да повредат, оштетат или извалкаат минувач или автомобил.

Кога се појави текстот, се поведе дебата за јазичните неправилности во општите одредби , како употребата на „ауто“ или „испрља“, а сè уште се занемаруваат безбедносните елементи во решението.

Растението е суво, но мириса омекнувачот

Растението е суво, но мириса омекнувачот

Се сомневаме дека мнозинството станари се свесни што сè содржи еден куќен ред, но би требало да бидат свесни за опасностите, доколку не се разговара за естетиката.

Дневна соба со видиковец

Дневна соба со видиковец

 

Посебна прикаска се новите доизградени балкони, оставени за некои подобри времиња.

Подолу објавуваме уште неколку примери кои можат да се видат на секој чекор..
05
0301

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top