| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвувал атентат врз Вартоломеј Први на 29 мај

vartolomejЕдно лице е уапсено поради сомнение дека сакал да изврши атентат врз  вселенскиот патријарх Вартоломеј Први. Уапсениот на  полицијата и е познат како десничарски националист, а атентатот требало да го изврши на 29 мај, односно на годишнината од освојувањето на тогашен Константинопол, денешен Истанбул, од страна на Османлиите.

Осомничениот, идентификуван како Сердар А., ги отфрлил обвинувањата. Истражителите меѓутоа се уверени дека тој пред кусо време допатувал во Истанбул за да ги следи движењата на патријархот Вартоломеј Први. Истрагата била покрената по информацијата добиена од доушник. Весникот „Хабертурк“ објави дека мерките за безбедност на православниот патријарх се зајакнати. Вселенската Патријаршија досега не заземала официјален став во врска со овие информации иако  до сега се спречени неколку планирани атентати врз Вартоломеј Архондонис, кој за вселенски Патријарх е избран во 1991 година.

Турските десничарски националисти во христијаните гледаат потенцијални непријатели на Турција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top