| четврток, 6 декември 2018 |

Блесна „Белата ноќ“ во Скопје (Галерија)

Концерти, филмови, театарски, светлосни и звучни перформанси, синоќа Скопје блесна во 12 по ред „Бела ноќ“.

bela-nok-skopje-2016-13-custom

bela-nok-skopje-2016-20-custom

Во Музејот на град Скопје, современата уметност и Младинскиот културен центар е поставена голема изложба на американски „Поп-арт“. Плоштадот „Македонија“ пак беше местото каде се одржа звучно-светлосен перформанс на француската спектакл-трупа „Compagnie des Quidams“.

bela-nok-skopje-2016-18-custom

Граѓаните имаа можност да уживаат и во театарски перформанс, дело на полска трупа. Филмскиот маратон под отворено небо во Градскиот парк и годинава е дел од „Белата ноќ“.

bela-nok-skopje-2016-19-custom

Вчера влезот во Зоолошката градина беше бесплатен од пладне до 18 часот. Бесплатно беше и возењето со автобусите на ЈСП кои сообраќаа кон централното градско подрачје, во период од 19 часот до раните утрински часови.

bela-nok-skopje-2016-17-custom

bela-nok-skopje-2016-16-custom

Фото: А Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top