| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од 5,4 степени во северен Пакистан

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Пакистан.

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, земјотресот се случил на длабочона од 43,4 километри под површината на земјата, со епицентар на 150 километри северно од пакистанскиот главен град Исламабад.

Според локалните власит, засега нема информации за жртви или за предизвикани материјални штети.

Реонот на денешниот земјотрес, во близина на границата со Авганистан, лани во октомври беше погоден од силен потрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер, при што загинаа најмалку 200 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top