| четврток, 6 декември 2018 |

Две буриња со експлозив фрлени врз најголемата болница во Алепо

alepo

Најголемата болница во Алепо, која се наоѓа во делот од градот што е под контрола на бунтовниците, днесека од воздух беше погодено со најмалку две буриња наполнети со експлозив, кои предизвикаа значитечни штети, соопшти Сириско-американското медицинско здружение (САМС).

Претставникот на САМС, Адам Салул во изјава за западни медиуми тврди дека има и непроверени информации оти врз болницата биле фрлени и касетни бомби. чија употреба е забаренато со меѓународното право.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, соопшти дека при денешниот напад врз болницата, што се наоѓа во населбата Сахир, загинало едно лице и дека повеќе услови за нејзино функционирање.

Оваа болницаа беше цел на жестоки воздушни напади и во средата, при што загинаа двајца пациенти, а уште двајца медицински работници беа ранети.

Неодамна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека нападите врз болниците во Алепо имаат карактер на „воени злосторства“.

Според податоците на Светската здрвстевна организација, во текот на 2015 година во Сирија биле извршени напади врз 135 здравствени установи, со што оваа земја станала „најопасна за работа на медицинскиот персонал“.

Во информациите за денешниот напад не се посочува дирекно кој ја гаѓал болницата, но во други извштаи од Алепо се нагласува дека сириските владини сили, поддржани од руски авиони, вршат интензивни напади врз деловите на градот под контрола на бунтовниците.

Во меѓу време, сириските бунтовници соопштија дека руски авиони денеска ги бомбардирале наслебата Малах во Алепо, како и патот „Кастело“, кој го поврзува градот со турската граница, правејќи им пат на владините сили да ја продолжат вчера започнатата жестока офанзиви врз источните делови на Алепо.

Според истите извори, препладневво се водат жестоки борби меѓу сириската амрија и бунтовничките борци во населбата Сулејман Халаби, во која вчера напредуваа владините сили.

– По неуспешниот обид да напредуваат, започнаа со жестоки напади врз стриот дел на градот, Загубивме неколку борци, но не се повлекуваме, изјави претставникот на бунтовничката група „Фајлак ал Шам“.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, пак соопшти дека во Сулејман Халаби се водат жестоки борби, при што двете страни „имаат променлив успех“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top