Американскиот актер Бред Пит ќе мора ненајавено да прави тестови на дрога и алкохол како дел од приврменеиот договор со сопругата Анџелина Џоли како би можел да ги гледа своите шест деца, изјавиле две лица запознаени со договорот на наскоро бившите сопружници. Актерот наводно веќе го направил првото тестирање на алкохол и дрога, а резултатот е негативен.
Приврмениот договор кој трае до 20 октомври, е прва конкретна работа која славниот пар ја постигна во горката кавга откако Џоли поднесе барање за развод. Повикувајќи се на здравјето на семејството, актерката барала целосно старателство над децата.
Пит и Џоли се сложиле да поминат индивидуално и заедничко советување, а Пит во почетокот децата ќе ги гледа под надзор на терапевти – рекле анонимни извори.
Засега не е донесена пресуда ниту одлука за тоа кој ќе има конечно стрателство, рекле. Медумите пишуваат дека од моментот на нивната разделба, 15 септември, Пит не ги видел трите биолкошки и трите усвоени деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драмата околу старателството продолжува: Бред Пит не сака децата да бидат близу Аџелина
-
Голем пресврт: Испливаа нови детали од разводот на Анџелина и Бред, актерката шокираше со одлуката
-
Имала тајна врска со жена: Анџелина Џоли мажот го изневерувала со оваа жена!
-
Зарем тој, после онаков Бред – сите се изненадени од новиот партнер на Џоли!